Барадеј остро го осуди полициското насилство врз исламистичките демонстранти

Од:

Египетскиот потпретседател Мохамед ел Барадеј денеска остро го осуди полициското насилство врз исламистичките демонстранти, приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси.

Барадеј на својот Твитер профил објави дека остро ја осудува прекумерната употреба на сила во судирите меѓу полицијата и исламистите, приврзаници на Морси.

Египетското министерство за здравство денеска соопшти дека во судирите меѓу силите за безбедност и приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Морси загинале најмалку 21 лице, а повредени се над 180 луѓе.

Барадеј, до неодамна беше истакнат активист на опозицијата против соборениот исламистички претседател Мохамед Морси.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски