Барадеј: Муслиманско братство да се вклучи во политичката иднина на Египет

Од:

Лидерот на либералната египетска опозиција, Мохамед ел Барадеј побара влегување на движењето Муслиманско братство во политичката иднина на државата.

Во изјава за германски Шпигел, тој вели дека припадниците на Муслиманско братство не треба да се третираат како криминалци.

– Се залагам за вклучување на Муслиманско братство во процесот на демократизација, изјави тој.

– Никој не треба да биде изведен пред судија без уверливи причини. Кон поранешниот претседател Морси треба да се однесуваме достоинствено, додаде Барадеј.

Според него, тие принципи се „предуслови за национално помирување“. Тој ја повика германската Влада да ја почитува одлуката за симување на Морси од власта откако Берлин упати критики за тој потег.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина