Бангуи: Бунтовници зазедоа палата, а претседателот избега

Од:

Бунтовничките сили во Централноафриканската Република денес по жестоки борби, ја окупираа претседателската палата во претстолнината Бангуи, додека претседателот Франсоа Бозизе го напушти главниот град, соопшти негов советник.

-Бозизе утрово го напушти Бангуи – изјави претседателскиот советник, Максимин Улуамат, додавајќи дека нема да каже каде заминал претседателот, пренесе „Франс прес“.

Во меѓувреме анонимен извор од ОН изјави дека владата на Конго побарала помош од УНХЦР, за да му обезбедат транспорт на Бозизе и неговото семејство, откако ја напуштиле државата. Утрово стотици бунтовници влегоа во претседателската палата во Бангуи.

-Ја заземавме палатата на претседателот, но тој не беше тука- изјави командантот на бунтовниците, полковник Ѓоума Наркојо, кој додаде дека бунтовниците планираат да тргнат кон националната радио станица, од кај што нивниот лидер Мишел Ѓотоди сака да и се обрати на јавноста.

Бунтовничките сили вчера влегоа во главниот град на Централноафриканската Република, неколку дена по заканата дека повторно ќе се побунат против владата.

Бунтовниците познати под името Селека, во јануари потпишаа мировен договор со владата, кој овозможува мандатот на претседателот Бозизе да трае до 2016 година.

Меѓутоа набргу договорот е поништен, а Селека се закани дека ќе го земе оружјето и ќе го тргнат од власт претседателот Бозизе.

Би можело да ве интересира

Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

Поранешен началник на британската армија: Војниците се исцрпени за да ја водат мировната мисија во Украина

Предраг Петровиќ

Орбан тврди дека ќе бидат потребни најмалку 100 години за да се исправи историската грешка кон Русија