Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун изрази загриженост поради тензиите во Египет и судирите во државата во кои што загинаа пет лица.
Судирите избија кога приврзаници на движењето Муслимански браќа излегоа на улиците со цел да ја отповикаат владата, која што има поддршка од армијата, додека нови демонстрации се највени за недела, на денот на одбележување на годишнината од војната со Израел од 1973 година, пренесе „Франс прес“.
-Бан укажа на важноста на мирните протести, почитувањето на слободата и посветеност на мирот-изјави портпаролот на ОН, Мартин Несирки, додавајќи дека генералниот секретар на светската организација е загрижен поради насилството.
Во последните судири во градот Асуиту, има четири жртви, соопштија болнички извори, кои претходно наведоа дека еден демонстрант загинал во Каиро.
-Генералниот секретар ја истакна потребата од политичка инклузија, потполно почитување на човековите права, вклучувајќи ги и правата на оние кои што се наоѓаат во притвор, како и владеењето на правото како темелна мирна и демократска транзиција, рече Несирки.
Елена Георгиевска