Бан Ки-мун предложи да биде посредник во украинската криза

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун предложи да биде посредник за изнаоѓање решение за кризата во Украина.

– Подготвен сум да преземам улога, ако е неопходно. За ова разговарава со сите што се вклучени во кризата – украинските лидери, лидерите на Руската Федерација, ОН и Американците, изјави Бан, кој е во во посета на Абу Даби.

Тој ги повика сите инволвирани страни во кризата „да го решат проблемот на мирен начин“.

Во Женева на 17. април беше постигнат договор за смирување на кризата, но Русија минатата недела соопшти дека договорот е мртов откако Киев почна воени операции против сепаратистите.

Претходно, шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер изјави дека разговарал со Русите, со САД, со ЕУ и со ОБСЕ за одржување на мировна конференција во Женева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми