Јужна Кореја треба да му испрати силна порака на северниот сосед за воздржување од провокации, во услови кога се засилуваат шпекулациите дека Пјонгјанг наскоро би можел да лансира нови ракети за да ја тестира администрацијата на новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, препорачува поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун.
Бан ставот го искажа на денешниот состан во Сеул, изјавувајќи дека прашањето за денуклеаризацијата на Северна Кореја е како враќање назад на ролеркостер, пренесува агенцијата Јонхап.
-За нас е важно да испраќаме силни пораки, користејќи различни начини, за тие да не прават такви провокации, рече поранешниот генерален секретар на ОН.
Бајден е познат по тоа што ја критикуваше политиката на претседателот Доналд Трамп во врска со денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров, но по неодамнешните избори на кои тој победи, Северна Кореја се уште се нема огласено.
Бан додаде дека не очекува Бајден да ја искористи декларацијата за крајот на Корејската војна како шоу на изненадување, како што тоа го направи Трамп.
-Меѓутоа, доколку Северна Кореја делумно ја затвори својата нуклеарна или ракетна програма, доколку има цврст договор за тоа, мислам дека санкциите на Обединетите нации може делумно да се олеснат. Таквиот напредок е можен како разумен процес, додаде Бан.