Бан Ки-мун ја предупреди Сирија да не користи хемиско оружје

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун денеска ја предупреди Сирија да не го користи хемиското вооружување, бидејќи во спротивно сирискиот режим ќе почуствува „огромни последици“.

Бан изјави дека нема да прифати договор за азил за сириските лидери како начин за завршување на граѓанската војна, истакнувајќи дека ОН на никого нема да му дозволат да мине „ неказнето“, пренесоа американските медиуми.

-Повторно упатувам најсилен можен повик дека не смеат да го разгледуваат овој вид на смртоносно оружје за масовно уништување, изјави Бан на маргините на конференцијата за климатскте промени во Доха.

Се верува дека Сирија располага со стотици, а можеби и илјадници тони хемиски арсенали, вклучувајќи и иперит и сарин.

Дамаск, прв пат, во јули ја информира јавноста дека располага со хемиско оружје и се закани дека ќе го употреби во случај на напад врз земјата однадвор, но никогаш против својот народ.

Американските разузнавачки служби, меѓутоа, соопштија дека е забележено дека сириската армија се подготвува за употреба на хемиското оружје.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад