Бан Ки-мун и Сергеј Лавров разговараа за сириската криза и други прашања

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за хуманитарната криза и насилствата во Сирија.

Портпаролот на ОН Мартин Несирки објави дека Бан ја истакнал потребата од наоѓање политичко решение на речиси две и полгодишниот конфликт во Сирија и итно организирање на нова конфереција во Женева, на која властите и опозицијата ќе се договорат за преодна влада.

Бан Ки-мун, исто така, истакнал дека ОН ќе направат се за поддршка на израелско- палестинските мировни преговори. Меѓу другите теми на разговор биле и Либан, Авганистан и регионите на Блискиот Исток и Северна Африка.

Сириската криза најверојатно ќе биде централна тема на денешните средби на Лавров со државниот секретар на САД Џон Кери и министерот за одбрана Чак Хејгел во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски