Бан Ки-мун го повика СБ на ОН за единство за прашањето за Сирија

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ја повика меѓународната заедница и Советот за безбедност на ОН на единство и преземање решителни дејствија за прекин на конфликтот во Сирија. Нагласи дека само политичко решение може да стави крај на насилствата.

– Ја повикувам меѓународната заедница и посебно СБ на ОН да бидат единствени и одлучно да дејствуваат за ставање крај на кризата, изјави Бан Ки мун откако го посети бегалскиот камп во Ислахие во турскиот округ Газиантеп во југоисточна Турција.

Тој истакна дека воена опција нема да даде резултати туку само ќе го зголеми крвопролевањето. Бан Ки-мун рече дека нема потврда оти сириските власти се подготвуваат да употребат хемиско оружје против сопствениот народ.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија