Бан Ки-мун го означи нападот во Алепо како воено злосторство

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун го осуди нападот врз универзитетот во сирискиот град Алепо и побара брза и целосна истрага на инцидентот.

– Планираната употреба на оружје против цивили и цивилни објекти е воено злосторство. Таквите напади се недозволиви и треба да бидат под итно прекинати, се наведува во писмената изјава на Бан Ки-мун.

Во нападот во Алепо, кој се случи во вторникот, според Сириската опсерваторија за човекови права загинале најмалку 83 лица, а над 150 се повредени, од кои некои се во критична состојба.

Режимот на претседателот Башар ал Асад и опозициските сили меѓусебно си ја префрлуваат одговорноста за инцидентот во северниот сириски град.

САД го осудија нападот врз универзитетскиот кампус во Алепо и го обвинија режимот на Асад дека извршил воздушни напади.

– САД се шокирани од смртоносниот напад на Владата врз универзитетот во Алепо. Според очевидци авиони на режимот извршиле воздушни напади, изјави портпаролот на Стејт департментот Викторија Њуланд.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад