Бан Ки-мун го осуди нападот врз полицајците на Синајскиот полуостров

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун го осуди нападот на Синајскиот полуостров во кој се убиени 25 полицајци, и додаде оти е „длабоко вознемирен“ поради загинувањето на приврзаници на Муслиманско братство во еден египетски затвор.

Најмалку 37 приврзаници на Муслиманско братство загинаа во неделата во инцидент во еден египетски затвор, соопштија безбедносни избори од правосудството, не давајќи повеќе детали.

– Генералниот секретар повика да се спроведе сеопфатна истрага за да се утврдат фактите за овој инцидент, се наведува во соопштението.

Египетското МВР не го потврди билансот на настраданите но наведе дека извесен број затвореници се обиделе да побегнат од затвор на периферијата на Каиро и оти зеле еден полицаец за заложник.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро