Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ја поздрави почетната рунда од дипломатските преговори за кризата во Украина и рече дека целосното спроведување на договорот постигнат во четвртокот во Женева, ќе помогне за нејзино смирување.
Генералниот секретар на ОН е охрабрен од тоа што сите страни покажале способност да се договорат за еден број конкретни и итни чекори насочени кон смирување на ситуацијата и наоѓање мирно решение за кризата.
Бан, меѓутоа, подвлече дека ситуацијата во Украина и натаму е исклучително променлива.
Тој очекува сите страни да покажат сериозни намери да се ангажираат на имплементација на чекори предвидени со договорот од Женева, кој ќе придонесе за трајно решение за кризата.