Балтичките членки на Европската унија, Латвија, Литванија и Естонија, кои се граничат со Русија, нема да понудат засолниште на ниту еден Русин кој бега од мобилизација во својата земја, изјавија министрите на тие три земји.
Иако цените за летовите во еден правец од Русија „скокнаа“, тие брзо се распродадоа откако претседателот Владимир Путин нареди итно повикување на 300.000 резервисти.
„Одбивањето да се исполни својата граѓанска должност во Русија, или желбата да се стори тоа, не е доволна основа за добивање азил во друга земја“, изјави естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалум.
Летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс ја наведе загриженоста за безбедноста во врска со ситуацијата, а Министерството за внатрешни работи на Литванија објави дека секој случај за азил ќе се разгледува посебно.
Трите балтички земји и Полска во понеделникот на полноќ почнаа да ги одвраќаат руските граѓани од нивните граници, велејќи дека не треба да патуваат додека нивната земја е во војна со Украина.
Забраната ги исклучува руските дисиденти кои бараат азил во ЕУ, заедно со возачите на камиони, бегалците и постојаните жители на земјите од ЕУ, како и оние кои ги посетуваат членовите на блиското семејство, пренесува Ројтерс.