Неуспешно лансирање балистичка ракета предизвика паника во инаку мирен јужнокорејски град, откако проектилот паднал на земја и предизвикал голем оган, соопштија денеска официјални лица.
Синоќа јужнокорејската војска истрела балистичка ракета со краток дострел Hyunmoo-2, која се урна веднаш по лансирањето поради дефект. Ракетното гориво се запалило за време на падот, но капсулата не експлодирала, изјави претставник на јужнокорејската војска за новинската агенција Јонхап.
???Multiple Explosions & fire has been reported at the 18th fighter wing (Gangneung) in South Korea.
The 18th fighter wing is the closest South Korean airbase to the DMZ. pic.twitter.com/uz2AjLf1sA
— AZ ???? (@AZmilitary1) October 4, 2022
Сеул и Вашингтон спроведоа повеќе заеднички вежби, вклучително и лансирање на проектили, како одговор на севернокорејското лансирање на балистичка ракета со среден дострел што прелета над Јапонија во вторникот.
Сликите кои кружат на социјалните мрежи, чија автентичност не можеше да ја потврди AFP, покажаа портокалова огнена топка, за која корисниците тврдеа дека се наоѓа во близина на воздухопловната база Гангнеунг на источниот брег на земјата.
„Многу жители во паника ја повикаа градската управа“, изјави претставник на градската управа на Гангнеунг. „На почетокот не знаевме што се случува бидејќи не добивме никакво предупредување од армијата дека се одржуваат такви вежби“, додаде таа, сакајќи да остане анонимна.
Генералштабот на војската на Јужна Кореја извести дека нема жртви и дека ги истражува причините за неуспешното лансирање.