Владата на Ирачки Курдистан никогаш немала намера да влегува во војна со ирачката армија, изјави министерот за надворешни работи на автономната област Фалах Мустафа Бакир во интервју за Си-Ен-Ен.
Тој истакна дека треба да има дијалог меѓу властите во курдскиот автономен регион и Багдад за да се дојде до меѓусебно разбирање.
– Спорот не е за нафтата или националното знаме, туку за иднината на двата народа, додаде Бакир.