Американскиот претседател Џо Бајден изрази задоволство дека откако ја презел функцијата примени се 50 милиони дози вакцини против Ковид-19, но предупреди дека се уште не е моментот за опуштање.
Бајден претходно најави дека во првите 100 дена од неговиот мандат ќе бидат примени 100 милиони дози вакцини, а за 37 дена веќе се потрошени 50 милиони дози.
– На половина пат сме: Ро милиони дози за 37 дена, тоа е седмици пред планираното, посочи Бајден.
Тој предупреди и на новите видови на Ковид-19 и апелираше Американците да продолжат да ги почитуваат владините мерки.