Бајден за својот кабинет избра припадничка на домородното население

Од:

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе ja номинира припадничката на домородното население, конгресменката Деб Халанд (60), за член на неговиот кабинет.

Таа ќе врши надзор на агенцијата задолжена за управување и зачувување на поголемиот дел од сојузното земјиште и природните ресурси во земјата, вклучително и националните паркови и резерватите на староседелците.

Халанд, која е припадник на лагуната на Пуебло индијанците, го претставуваше првиот конгресен округ во Ново Мексико, кој го опфаќа Албукерки и други предградија, а од 2019 година претседава со поткомитетот за национални паркови, шуми и јавни земји во Претставничкиот дом.

Американските медиуми потсетуваат дека Халанд и Шарис Дејвис се првите припаднички на домородното население во Конгресот.

Таа за „Њујорк Тајмс“ изјави дека ќе и биде драго да биде дел од климатската агенда во тимот Бајден-Харис и на тој начин да и помогне на Владата да управува со односите со племињата и воедно да служи како прв член на кабинетот во историјата кој е и припадник на домородното население.

Би можело да ве интересира

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва

Бајден потврди дека му оставил писмо на Трамп

(ВИДЕО) Доналд и Меланија Трамп пристигнаа во Белата куќа

Бајден го објави последното селфи од Белата куќа

Горан Наумовски

Бајден ги помилува Фаучи, генерал Мили и членови на Претставничкиот дом за да ја спречи најавената одмазда на Трамп

Катерина Ѓуровски