Американскиот претседател Џо Бајден упати предупредување до Владимир Путин.
„САД се подготвени да ја одбранат секоја педа од територијата на НАТО“, рече Бајден.
Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ја брани анектираната територија на Украина со сите потребни средства.
Лидерите на западните земји колективно, како Европскиот совет, и поединечно ја осудија руската анексија на четири окупирани украински региони.
Украина официјално побара прием во НАТО, а украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Киев е подготвен да разговара со Русија, но не додека Путин е нејзин претседател.
Киев во петокот рече дека украинската армија ќе продолжи да ја ослободува својата територија окупирана од Русија и дека „ништо не се менува“ откако Путин најави припојување на четири делумно окупирани украински региони кон Русија.