Американскиот претседател Џо Бајден сугерираше дека рускиот претседател Владимир Путин можеби стои зад авионската несреќа во близина на Москва.
„Можеби се сеќавате, ме прашаа за тоа“, рече Бајден, алудирајќи на коментарите што ги даде во јули во кои рече дека Пригожин треба да биде загрижен за неговата безбедност по неуспешниот бунт.
“Реков дека ќе внимавам да сум на негово место. Не знам точно што се случи, но не сум изненаден”, додал тој.
Американскиот претседател на прес-конференција во Хелсинки минатиот месец рече дека „ќе внимава што јаде“ на местото на Пригожин. Бајден додаде дека „не се случува многу во Русија зад кое Путин не стои“.