Бајден повторно го воведе ограничувањето за влез во САД

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден повторно го воведе ограничувањето за влез во САД за лицата кои не се Американци, а доаѓаат од Велика Британија, Бразил, Ирска и поголемиот дел од Европа.

– Новиот претседател исто така ќе ги прошири овие забрани за луѓе кои неодамна биле во Јужна Африка поради информации за појава на нови, попреносливи видови на коронавирус во САД, изјави претставник на Белата куќа.

Одлуката на Бајден е дел од планот на новата администрација за борба против коронавирусот во САД, најсилно погодената земја во светот според бројот на случаи на инфекција (25,1 милиони) и бројот на смртни случаи – повеќе од 419.000.

Во петокот, Бајден процени дека бројот на смртни случаи од вирусот во САД треба да биде значително помал од 600.000.

Веќе во првите денови од преземањето на функцијата во средата, Бајден ги заостри прописите за носење маски и нареди карантин за луѓето кои доаѓаат во САД со авион.

Доналд Трамп во последните денови на власт објави дека ќе бидат укинати забраните за влез во САД за патници од поголемиот дел од Европа и Бразил, но администрацијата на Бајден соопшти дека веднаш ќе ја откаже наредбата, која требаше да стапи на сила на 26 јануари.

На 31 јануари 2020 година, Трамп ја објави првата забрана за влез на патници во земјата од Кина, со цел да се запре ширењето на коронавирусот. Забраната беше проширена на европските земји на 14 март.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски