Бајден: Постои силна врска меѓу САД и Бразил

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа телефонски разговараше со победникот на претседателските избори во Бразил, Луис Игнасио Лула да Силва и му кажа дека постои „цврста врска” меѓу двете земји, соопшти Белата куќа.

Лула да Силва, претставник на левицата, го победи во вториот круг од изборите актуелниот претседател Жаир Болсонаро, претставник на тврдата десница кој не успеа да освои втор петгодишен мандат.

Двајцата претседатели рекоа дека како партнери ќе се справат со заедничките предизвици како што се климатските промени, безбедноста на храната, промовирањето на демократијата и вклученоста и управувањето со регионалната миграција, се вели во соопштението.

Лула да Силва двапати беше претседател на Бразил.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски