Бајден победи и во сојузната држава Џорџија

Од:

Новоизбраниот претседател на САД, демократот Џозеф Бајден, победи и во сојузната држава Џорџија на изборите, единствена во која досега не беше предвиден победник.

Според проекции на АП, Бајден победил во Џорџија над претходниот претседател, републиканецот Доналд Трамп, откако властите на таа сојузна држава ги објавија резултатите од пребројувањето на гласовите, што ја потврди малата предност на кандидатот на Демократската партија.

Властите во таа американска држава наредија пребројување бидејќи разликата помеѓу двајцата кандидати по првиот беше помала од 0,5 проценти. По првото пребројување, Бајден имаше околу 14.000 гласа повеќе од Трамп, а денеска беше објавено дека има предност од околу 12.000 гласови, од пет милиони гласачи кои глсале.

Демократски кандидат не победил во Џорџија од 1992 година, кога Бил Клинтон доби повеќе гласови од тогашниот претседател Џорџ В. Буш.

Со победата во Џорџија, Бајден освои уште 16 електорски гласови и достигна 306, додека Трамп „доби“ 232 електорски гласови.

Би можело да ве интересира

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство