Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека неговата администрација планира да покрене кампања за едукација на Американците за вакцините против Ковид-19.
– Ќе покренеме масовна едукација на луѓето за вакцините, дека се безбедни и ефикасни, кажа Бајден.
– Ќе ги ангажираме лидерите од сите сегменти на нашето општество да образуваат и да ги поттикнат сите Американци да се вакцинираат, посочи Бајден.
Тој додаде дека се надева дека во текот на годината можно е да има се поголема побарувачка на вакцините пред се од луѓето кои се колебаат за имунизацијата.