Бајден објави дека до крајот на годината завршува американската воена мисија во Ирак

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа пред посетата на Белата куќа на ирачкиот премиер Мустафа ал-Казими, објави дека ќе има нова фаза во американското воено присуство во Ирак и најави дека воената борбена мисија на САД во таа држава ќе заврши до крајот на годината.

– На крајот на годината, ние веќе нема да бидеме во борбена мисија во Ирак, но нашата соработка против тероризмот ќе продолжи и во оваа нова фаза за која разговараме, изјави Бајден.

Тој објасни дека улогата на американската војска во Ирак ќе биде да ги подготвува и помага ирачките сили во нивната борба против џихадистичката група ИД. Сепак, Бајден не даде конкретен распоред или детали за бројот на војниците во Ирак.

– Нашата врска е посилна од кога и да е, рече ирачкиот премиер, кој дојде во Вашингтон да побара политички сигнал што ќе му овозможи да ја консолидира својата несигурна позиција во државата три месеци пред парламентарните избори.

Сега има 2.500 американски војници во Ирак, фокусирани главно на отпор кон она што е останато од ИД.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“