Бајден му одговори на Путин: Сигурен сум дека некогаш ќе разговараме

Од:

Претседателот на САД изрази увереност дека ќе разговара со Владимир Путин „некогаш“, но не кажа конкретни датуми, одговарајќи на поканата на рускиот претседател за дуел во живо.

-Убеден сум дека некогаш ќе разговараме, изјави Бајден, а на Твитер пренесе новинарка на Блумберг.

Бајден и Путин веќе неколку дена се препукуваат со изјави преку медиумите околу наводното мешање на Русија во американските избори, а оваа војна на зборови ескалира вчера, кога американскиот претседател го нарече својот руски колега „убиец“ и „бездушен“, по што Москва го повлече својот амбасадор во Вашингтон. Путин потоа го повика Бајден да ја продолжат дискусијата непосредно, преку интернет, на дуел што би се пренесувал во живо.

Прашан околу новите санкции против Русија, претседателот одговори дека тие „ќе настапат во свое време“.

Во дополнение, прашан за тензичниот разговор на денешната американско-кинеска средба во Енкориџ, претседателот одговори „горд сум на на државниот секретар“.

Би можело да ве интересира

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство