Бајден ќе ѝ се обрати на нацијата за војната во Украина

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе ѝ се обрати на нацијата за војната во Украина. Обраќањето на претседателот на САД, најавено е само неколку дена подоцна, откако тој ги испрати во Киев шефот на дипломатијата и министерот за одбрана.

– Претседателот ќе зборува за поддршка на Украинците, кои ги бранат своите земја и слобода од бруталната руска инвазија, информираше портпаролка на Белата куќа.

Шефот на американскатадипломатија Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин, во текот на минатиот викенд го посетија Киев, каде имаа средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, како и со други украински официјални лица.

Остин во понеделникот изјави дека една од целите на САД, е, „да се види Русија ослабена“ за „повеќе да не може да ги врши работите што сега ги прави“.

Минатата недела, Бајден за Украина најави нов пакет воена помош во вредност од 800 милиони долари. Една седмица претходно, најави одвоен пакет во висина на истата вредност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски