Бајден ќе го постави Ентони Блинкен за американски државен секретар

Од:

Ентони Блинкен е можен кандидат за функцијата на американски државен секретар во новата администрација на Џо Бајден, наведуваат неколку извори запознати со ситуацијата во штабот на новиот американски претседател.

Американските медиуми јавуваат дека Блинкен (58) веќе работел во Стејт департментот како заменик државен секретар и заменик советник за национална безбедност во администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама и е тесно поврзан со Бајден.

Блинкен, исто така, бил член на Советот за национална безбедност во администрацијата на Бил Клинтон, пред да стане шеф на канцеларијата на Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, кога Бајден го предводеше комитетот, и кратко време потоа беше советник за безбедност на тогашниот потпретседател Бајден.

Како што претходно е најавено, Бајден од утре ќе почне да ги објавува имињата на кандидатите за неговиот кабинет.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Зеленски: Зборував со Бајден за поддршката на САД за Украина

Бајден ја осуди одлуката на Мета да стави крај на програмата за проверка на факти