Бајден ја зголемува минималната плата на 15 долари за час

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден врши напори за зголемување на минималецот во САД до 15 долари за час, со тоа што денеска потпиша указ според кој саатницата за стотици илјади федерали изведувачи се зголемува до тоа ниво, соопштија високи официјални лица, јавија некои американски медиуми.

Според указот, минималната плата до март идната година ќе биде зголемена за 37 отсто од тековните 10.59, и понатаму ќе се зголемува соодветно со инфлацијата.

Одлуката важи за разни категории федерални службеници, од хигиеничари и друг персонал до изведувачи и работници во сферата на исхраната, вклучувајќи работници кои примаат бакшиши, а кои не беа засегнати со зголемувањето на платата при претседателот Барак Обама.

Од Белата куќа инсистираат дека ова нема да придонесе за обременување на даночните обврзници, а ќе донесе разни погодности како зголемена ефикасност на трудот.

Бајден повеќе пати досега изрази убеденост дека силните синдикати и повисоката плата ќе придонесат за обнова на средната класа и надминување на економската и расната нееднаквост.

Се наведува дека указот потпишан денеска е уште еден чекор во поддршка на синдикалното движење во САД. Тој вчера потпиша указа за создавање на работна група за помош на синдикатите, предводена од потпретседателот Камала Харис.

Претседателот, исто така, се обиде да вклучи точка за зголемување на минималецот до 15 долари во нацрт законот за помош поради пандемијата Ковид-19, но во конечната верзија на текстот таа точка не беше ставена.

Бајден вети дека ќе го зголеми минималецот за федералните изведувачи во текот на првите сто денови од стапување во служба.

Советот на економски советници на Бајден ги анализираше можните последици од указот и дошол до заклучок дека тој ќе им помогне на работодавците да ја намалат нестабилноста со кадрите, и ќе им ги намали трошоците за наем и обука на работници.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски