Бајден ја задолжи Камала Харис за мигрантската криза на границата со Мексико

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ја задолжи својата заменичка Камала Харис да управува со чувствителното прашање за приливот на мигранти на границата меѓу САД и Мексико.

„Ви доверувам тешка задача“, и рече тој на состанокот во Белата куќа.

„Таа се согласи да го води тој дипломатски проблем“, додаде Бајден, осврнувајќи се на разговорите со Мексико, Салвадор, Гватемала и Хондурас, земјите од кои доаѓаат повеќето мигранти.

„Оваа ситуација е вистински предизвик“, одговори Харис.

Тоа е првиот предмет што Бајден и го довери.

Делегација на Конгресот и претставници на Белата куќа денеска треба да заминат на границата со Мексико, во прифатниот центар во Тексас, соопшти Белата куќа, која републиканците ја обвинуваат дека одбива да ги преземе сите кризни мерки на јужната граница, особено во врска со доаѓањето на многу малолетници без придружба.

Би можело да ве интересира

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство