Бајден го презеде претседателскиот налог на Твитер, прв твит на Харис: Подготвена сум да служам

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска беше инаугуриран, го презеде официјалниот налог на Твитер за американскиот претседател, познат како ПОТУС (President of The United States).

Овој налог не беше премногу активен за време на мандатот на досегашниот претседател Доналд Трамп, кој главно го користеше својот личен профил. Ова е важен пресврт во однос на „политиката на Твитер“ на Доналд Трамп, кој го користеше својот личен налог на мрежата само за политички конфронтации, ширење теории на заговор и објавувајќи важни информации.

Бајден попладнево го презеде налогот ПОТУС и веднаш ја испрати првата порака.

„Немам време за губење кога станува збор за кризата со која се соочуваме. Затоа одам денеска во Овалната канцеларија веднаш да работам и да обезбедам помош за американските семејства“, напиша Бајден.

И потпретседателката, Камала Харис, исто така го презеде потпретседателскиот налог од Мајк Пенс. Нејзината прва порака беше: „Подготвена да служам“.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва

Бајден потврди дека му оставил писмо на Трамп

(ВИДЕО) Доналд и Меланија Трамп пристигнаа во Белата куќа

Бајден го објави последното селфи од Белата куќа

Горан Наумовски