Бајден го посоветува Трамп да почне да се однесува како возрасен човек

Од:

Американскиот потпретседател Џо Бајден, познат по својот отворен стил и оригинални формулации, синоќа го посоветува новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да се однесува како возрасен човек, пренесоа француските медиуми.

Во одговор на прашање на телевизијата Пи-Би-Ес за мноштвото непредвлидливи изјави на Трамп на Твитер, потпретседателот му даде совет на бизнис магнатот, кој од 20 јануари ќе го наследи Обама во Белата куќа.

-Порасни, Доналд, порасни, дојде часот да бидеш возрасен, ти си претседател, изјави насмеано Бајден. „Време е да направиш нешто, да ни покажеш за што си способен“, додаде американскиот потпретседател во заминување.

Во серија соопштенија, лиферувани вчера, Трамп го окарактеризира шефот на демократското малцинство во Конгресот, Чак Шумер, како „кловн“, забележуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху