Бајден ги повика Американците да се обединат во борбата против расизмот

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа, откако поранешниот полицаец Дерек Шовин беше прогласен за виновен за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, ги повика Американците да се обединат во борбата против расизмот.

– Дојде време да се обедини земјата. Некои агитатори и екстремисти кои ја исмеваа социјалната правда, ќе се обидат да ги искористат сировите емоции. Не можеме да им дозволиме да го направат тоа, истакна Бајден во кусото обраќање од Белата куќа.

Тој истакна дека пресудата можеби е момент на „значителна промена“ и ги повика Американците да не ја заборават трагичната епизода.

Мораме да слушаме. Не можам да дишам, не можам да дишам, последните зборови на Џорџ Флојд. Не можеме да дозволиме да умрат со него. Мораме стално да ги слушаме тие зборови, посочи Бајден.

Шовин вчера е прогласен за виновен по сите три обвиненија за смртта на Флојд. Односно тој е виновен за убиство од втор степен, убиство од прв степен, и предизвикување смрт од небрежност. Тој се соочува со 12,5 години затвор, бидејќи претходно не е осудуван. Меѓутоа, Обвинителството може да побара казна затвор подолга од 40 години, доколку се утврди дека имало отежнувачки околности.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски