Најмалку 27 лица загинаа, меѓу кои и три деца, а повеќе од 50 се повредени во експлозија на бомба која еден самоубиец ја активира во кафуле во трговски центар, во западниот дел на Багдад, изјавија полициски официјални лица.
Самоубиецот околу 22 часот по локално време извршил напад во населбата Амријах, на Ирачката претстолнина, пренесе „Франс прес“.
Кафулето „Дубаи“ се наоѓа на вториот кат во трговскиот центар, а многу често е посетен од цели семејства, бидејќи има голем број ресторани и бутици.
Спасувачките екипи се уште работат на извлекување на жртвите под рушевините. Според информациите на „Ројтерс“ се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Елена Георгивска