Багдад бара Ирачки Курдистан да го поништи референдумот за независност

Од:

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади денеска изјави дека единствено прифатливо решение за Владата во Багдад е Ирачки Курдистан да го поништи референдумот за независност, што беше одржан на 25 септември.

Властите во Ербил предложија замрзнување на одлуката за независност, во услови кога Армијата на Ирак ги потиснува нивните вооружени сили, навлегувајќи преку границите на Ирачки Курдистан.

– Ние нема да прифатиме ништо друго освен поништување на референдумот и почитување на Уставот, изјави Ал Абади.

Ирачки Курдистан предлага итен прекин на огнот и започнување на дијалог меѓу властите во Багдад и Ербил.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак