Најмалку 31 лица загинаа, а 57 се повредени во денешниот самоубиствен напад на шиите во Багдад.
Анонимно официјално лица од ирачкото Министерство за внатрешни работи изјави дека нападите се случиле по молитивите во шиитскиот кварт во Багдад.
Првиот самоубиец експлозијата ја активирал на влезот на хусејниј, шиитски храм, а вториот напаѓач ја искористил можноста и бомбата ја поставил во самиот храм.
Одговорност за нападите се уште не презеде никој, но агенцијата „Франс прес“ потсети дека групите се поврзани со сунитските екстремисти.
Елена Георгиевска