Бабите и дедовците во Романија ќе ја преземаат грижата за внуците

Од:

Конзервативната партија, кој е дел од владејачката коалиција во Романија, подготви законска иницијатива со која се предвидува можност бабата и дедото на дете, кое има две или три години, да добиваат месечен паричен надомест за грижа на внучето, додека родителите му се на работа, пишува весникот „Романија либера“.

Паричната помош е во износ од една минимална плата во земјата, која од 1. февруари е 170 евра.

Конзервативната партија објаснува дека ваквиот предлог има за цел да го зголеми наталитетот и да ги натера младите семејства да имаат деца.

Фондот за население на ОН претходно предупреди дека романската нација се повеќе старее.

Друг аргумент, кој оди во корист на овој предлог, е фактот дека државните градинки во Романија не ги задоволуваат потребните услови, додека приватните претставуваат голем финансиски товар за повеќето семејства.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“