Автобусите и траектите веќе не влегуваат во Вухан, соопшти кинеското Министерство за транспорт

Од:

Кинеското Министерство за транспорт денеска го откажа целиот автобуски и траектен сообраќај со градот Вухан, заради епидемијата на коронавирус, од кој досега починаа 17 лица, а речиси 600 се заразени.

Министерството на автобусите и тракетите што веќе трганеле кон Вухан им наредило веднаш да се вратат на местото на тргнување.

Министерството со сооопштението ги повикува сите компании, чии автобуси минуваат низ Вухан, веднаш да ги прилагодат своите маршрути и да го заобиколат градот, истакнувајќи дека на патниците не треба да им се дозволи да влезат во тој град, пренесуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио