Автобус со романски туристи се преврте во Унгарија

Од:

Две лица се тешко повредени, а 11 се здобиле со полесни повреди, кога романски автобус кој превезувал туристи денеска се преврте во Унгарија, јавија романските медиуми.

Автобусот, кој со 32 патници се движел на релација од Рим од Романија, паднал во амбис во близина на градот Мако.

Причина за несреќата најверојатно е поројниот дожд кој врнел во време на излетувањето на автобусот.

Тоа е втора ваква тешка сообраќајна несреѓа во последните денови, откако вчера автобус со романски туристи излета во амбис во Бугарија, при што загина 27-годишна жена, а други петмина патници беа тешко повредени.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година