Австриските власти ги проверуваат наводите дека во околината на родната куќа на Адолф Хитлер се појавува непознат маж, двојник на нацистичкиот злосторник, кој ги има препознатливите мустаќи, фризура и облека.
– Тој господин често го гледам во Браунау и се прашувам дали тоа е случајно, изјави локален жител кој покажа фотографија од човекот кој личи на Хитлер.
Двојникот е на возраст од 25 до 30 години и последен пат е виден во книжарница како прелистува списание за Втората светска војна и се претставува како Харалд Хитлер.
Тој најмалку еднаш е сликан пред родната куќа на нацистичкиот лидер.
Во Австрија величањето на Хитлер е казниво дело.