Австрискиот канцелар потврди дека сака да ги запре предизборните настапи на турските политичари

Од:

Во интервју за доцните вести на телевизијата австрискиот канцелар Кристијан Керн потврди дека има намера да ги забрани предизборните изјави на турските политичари во Австрија.

– Не треба да бидеме наивни, изјави Керн, бидејќи на крајот, сепак, станува збор за спротивставувањето на политичкиот ислам на европските вредности.

Според него, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган забележливо провоцира, па затоа неопходно е да се забранат предизборните изјави на турските политичари во Австрија.

Овие изјави водат кон извртување на слободата на луѓето да се собираат, продолжи Керн, бидејќи на претстојниот референдум станува збор за укинување на демократијата во Турција во една или друга форма.

– Сметам дека турската страна веројатно ќе продолжи со оваа игра и во Австрија, изјави Керн.

„Не треба да се согласуваме со се. Прашањето на дипломатичност е да се сообразиш со одбивање на молбата за организирање настан“, продолжи австрискиот канцелар.

Тој прецизираше дека градоначалниците имаат право да ги спречат ваквите говори, како на пример, тоа што се случи во австриските градови Хорбранц, Винер Нојштат, Херцогенбург и Линц, каде со одлука на градоначалниците турските политичари не зборуваа пред своите сонародници.

Ваквите ситуации градоначалниците ги ставаат под голем притисок, па затоа соодветната законска измена ќе биде гест што ќе покаже дека за ова прашање Австрија има единствен политички став.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник