(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

Од:

Преговорите меѓу двете најголеми австриски центристички партии за формирање коалициска влада без екстремно десничарската Партија на слободата пропаднаа, изјави денеска Карл Нехамер, еден ден откако либералната партија НЕОС ги напушти преговорите.

„Ќе се повлечам од функцијата канцелар и лидер на (конзервативната) Народна партија во наредните денови и ќе овозможам уредна транзиција“, рече Нехамер во видео изјавата за IX по коалициските разговори со Социјалдемократите (СПО).

Неговата објава дојде набргу откако партијата ги прекина коалициските преговори со социјалдемократите.

„Очигледно е дека деструктивните сили во СЈО презедоа предност“, рече Нехамер, потврдувајќи го крајот на овие разговори.

Како причина се наведува неможноста да се договорат клучните точки. Притисокот врз Нехамер во партијата во последно време е зголемен, пренесува АПА.

Тој посочи дека ОВП нема да се согласи со никаква програма која е непријателска кон економијата.

Во исто време, Нехамер јасно стави до знаење дека сè уште не е подготвен да ги води коалициските разговори со екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) под водство на Херберт Кикл.

„Мое длабоко верување е дека радикалите не нудат решение за ниту еден проблем“, рече Нехамер.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген