Австрискиот канцелар Карл Нехамер истакна дека пандемијата на коронавирус нема да се надмине толку брзо.
За разлика од неговиот претходник Себастијан Курц, Нехамер не верува дека наскоро ќе може да го постигне тој статус.
Тој во изјава за неделникот „Профил“ вели дека има промена на парадигмата со сојот омикрон.
„Мораме да се подготвиме за нови димензии, бидејќи новиот вид очигледно нема граници“, објасни тој.
Тој рече дека е неопходно да се намали карантинот, на што надлежните во моментов работат.