Во виенската касарна „Војвода Албрехт“, 22-годишен војник усмрти негов колега со истрел во пределот на главата.
Полковникот Михаел Бауер од Министерството за одбрана потврди дека 20-годишниот регрут починал како последица од здобиените рани од истрелот.
Австриската воена команда покренала истрага со цел да утврди дали куршумот бил намерно истрелан или станува збор за несреќен случај.
Војникот, од чија пушка е истрелан куршумот, е уапсен.