Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсел за време на нејзиното прво службено патување во Словачка ќе потроши само 10 евра пари од буџетот.
Во соседната земја министерката ќе отпатува со воз.
– Ќе патувам со железничката линија РЕХ, што чини 10 евра. Тоа е воз, со кој досега дневно патував од Граматнојзидл до Виена, заедно со словачките болничарки и студенти, истакна австриската министерка за надворешни работи.
Кнајсел во Братислава ќе се сретне со нејзинот словачки колега Мирослав Лајчак, кој претседава со Генералното собрание на Обединети нации.
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц најави дека неговите патувања за Франција, а потоа и за Германија ќе ги оствари со авион, но дека ќе патува со економска класа.