Австрија воведува дневен лимит за бегалците

Од:

Австриското Министерство за внатрешни работи ги потврди соопштенијата објавени во весниците „Курир“ и „Кронен цајтунг“, според кои министерката за внатрешни работи Јохана Микл – Лајтнер објави дека ќе биде воведена дневна „горна граница“ за бегалците по јужната граница на земјата.

Министерката сака да ја воведе мерката по десет до петнаесет дена.

На тој начин ќе се исполнат одлуките од јануари за воведување на годишен лимит за бегалците.

– Во согласност со планот ставаме кочница, изјави Микл-Лајтнер.

Се уште не е наведен конкретниот број на луѓето, кои ќе бидат пропуштани да влезат во земјата, тоа ќе зависи од можностите за сместување во покраините, капацитетот на полицијата и бројот на бегалци, што ќе го прифати Германија.

Министерката ќе посочи конкретни бројки непосредно пред воведување на новата мерка.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин