Австрија: Уапсен е фалсификатор од ИД

Од:

Фалсификаторот на пасоши за потребите на Исламска држава, Алжирецот Џамал Вали, е уапсен во Австрија, јавува Танјуг.

Вали наводно ги фалсификувал пасошите кои ги користеле припадниците на ИД, оние кои го извршија терористичкиот напад во Париз.

Со тие документи тие ја поминале и полициската контрола во Австрија.

Салах Абдеслам и двајца терористи, кои во септември, минатата година, престојувале во Австрија, со фалсификувани документи ја поминале контролата на австриската полиција.

И покрај европските налози за апсење, Вали патувал ширум Европа, а уапсен е на Бренер, на преминот кон Италија.

„Изработката на документите“ на Вали, очигледно била многу добра поради што полицијата не се посомневала во лажните пасоши и ги пуштала корисниците низ контролата.

Полицијата претпоставува дека Вали пробал да побегне од Белгија и да се сокрие во Италија, заедно со својата сопруга.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски