Австрија предлага да се продолжи интервалот помеѓу двете вакцини

Од:

Со цел да се вакцинираат што повеќе луѓе во наредниот период, австриските власти препорачаа да се продолжи интервалот помеѓу двете дози на вакцините „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“.

Наместо лицето да добие втора доза по три до четири недели, во иднина ќе се дава по шестата недела.

Министерството за здравство соопшти дека се следи препораката на Националната комисија за вакцинација.

Министерот за здравство Рудолф Аншобер вели дека на тој начин се добива време, односно две до три недели.

Според Националната комисија за вакцинација, ова може да заштити многу повеќе луѓе од тешкиот облик за заболување, бидејќи по три недели од приемот на првата доза може да се очекува одредена заштита.

Канцеларот Себастијан Курц вели дека со оваа мерка може да се забрза вакцинацијата, затоа што „сега е клучно секоја доза што ќе стигне во земјата да биде примена најефективно“.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски