Околу 19.800 лица во првите 11 месеци од оваа година добија статус на азиланти во Австрија, додека 12.800 барања се одбиени.
Меѓу лицата кои добија азил, најголем број се Сиријците (56 отсто), а потоа следат Авганистанците (18 проценти).
За оние кои добија само ограничена заштита, најголемата група е од Авганистан (45 отсто).
Хуманитарен престој, кој се одобрува за особено успешна интеграција, доделен е на 1.385 лица, а најголема група доаѓа од Русија, по што следуваат граѓани со потекло од Србија.