Согласно новиот закон за забрана на покривање на лицето, кој вчера стапи во сила, австриската полиција казни три лица облечени како кловнови.
Казнетите лица учествувале на протестот „Традиционална прошетка на кловновите против забраната за покривање на лицето“.
Организаторот на протестот Клаус Вернер-Лобо изјави дека со протестот сакале да укажат на апсурдноста на законот.
Полицијата поднесе три пријави поради кршење на законот против лица кои го напуштиле протестот, а биле со покриени лица. На протестот, кој бил најавен во полиција, било дозволено учесниците да го покријат лицето, но не и кога заминале од местото на одржувањето на собирот.