Австрија почна со изградба на бариера на дел од границата со Италија

Од:

Австрија вчера ја почна работата на изградбата на бариера на граничниот премин со Италија, Бренер, која доколку е потребно ќе го ограничи пристапот на мигрантите.

Структурата е долга 250 метри и ќе вклучува магистрала и првокласен пат. Проверката на камиони и автомобили ќе се случува на паркинг северно од границата.

Следните денови ќе почне и работата за создавање на центарот за регистрација.

– Проверките на границата би можеле да почнат на крајот на мај, изјави Хелмут Томас, началник на полицијата во австриската провинција Тирол.

Претседателот на Австрија Хајнц Фишер изјави дека на Бренер нема да има нов ѕид, туку механизам за управување со границата.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски